Жителите на Северна Кореја се многу затворени и конзервативни кога станува збор за сексот. Повеќето од нив не ни слушнале за кондоми, од причина што не постои такво нешто во Северна Кореја. Како прво, повеќето жители не можат да си дозволат работи за еднократна употреба. Постојат разни видови контрацепција што им се достапни на богатите слоеви од општеството, додека сиромашните слоеви немаат достапна контрацепција.
Жените прават хигиенски влошки од користена, стара облека. Санитарните пакети не им се достапни на сите општествени слоеви. Жените во Северна Кореја често купуваат памучна крпа и ја сечат за да ја користат за време на менструацијата. Потоа ја перат и повторно ја користат.
Повеќето жители од Северна Кореја не знаат што е тоа брза храна. Во главниот град постојат неколку места каде што може да се купи пица или хамбургер, но повеќето луѓе не ни знаат што е тоа
Жените кои се мажени или студираат, мораат да носат кратка коса. Бојосувањето не е дозволено, па дури и да купат боја на црн пазар, не смеат да ја користат. Помладите мажи не смеат да имаат коса подолга од пет сантиметри.
Новогодишната елка не е дозволена во Северна Кореја. Ако ја читаш библијата во Северна Кореја, можеш да бидеш уапсен и осуден поради тоа. Истото е и со елката. Тоа е традиција што не е дозволена во оваа земја! Забранета е и кока-кола, како и многу нешта што се на фотографиите подолу…