Кога започнувате диета, или популарно целосно го менувате начинот на живот и се посветувате на здравата исхрана, изборот на храна не е единственото нешто што треба да го земете во предвид!
Покрај храната, многу е важно кои пијалоци ги консумирате, имајќи предвид дека најчесто имаат скриени калории, па дури и го забавуваат процесот на слабеење.
Иако водата е главниот и најздравиот пијалок, кој го препорачуваат сите нутриционисти, за среќа, не е единствениот.
Кафе – Можете да пиете кафе, но нека биде црно, без шеќер. Не додавајте млеко, шеќер, шлаг и слично.
Чај – За среќа, тука речиси и да нема ограничувања, освен што не смеете да додавате шеќер и мед во чајот.
Вода – Најдобар начин да ја задоволите жедта со нула калории. Киселата вода е исто така опција.
Купечки сокови – Ова треба да биде општо правило, соковите никогаш не се добар избор. Сокови од зеленчук можете да подготвите дома.
Whey шејк- одличен начин да добиете дополнителна дневна доза на протеини, но не претерувајте. Во просек, една доза Whey протеин измешана со вода содржи околу 150-200 калории.
Вино – Повремено можете да се почестите, но со само една чаша вино!
Кокосова вода – Идеална за пијалок кој подмладува и природно ја враќа изгубената животна енергија и сила со минимални калории.
Растително млеко – Кокосово, бадемово, соја, ориз, просо и овесно млеко: растителното млеко е тренд во исхраната што е добро да се следи.
Бонус совет од Сајмон Пауел:
„Докторите ми рекоа дека морам да се откажам од нешто: пушење, храна или пиење? Се откажав од храната.“