Американска работна група за заштита на животната средина ги објави новите податоци за количината на пестициди во намирниците за 2021 година.
Па така, според нивните истражувања, јагодите и понатаму остануваат на прво место на листата на овошјето и зеленчукот што содржат најмногу штетни материи.
По нив, следат спанаќот, кељот, зељето, нектарините, јаболката и грозјето.
Во извештајот, што го пренесе Си – Ен – Ен, со пестициди се исто така често контаминирани и пиперките, портокалите и црешите. Во грејпфрутот, портокалите, мандарините и лимоните пронајден е фунгицидот имазалил. Фунгицидите продираат и во месото на овошјето дури и откако тоа ќе се олупи.
Најмалку пак, загадени се авокадото и пченката шекерец. На листата на „почистите“ се и кромидот, смрзнатиот грашок, патлиџаните, брокулата, зелката и печурките, но и ананасот, кивито и дињата.