Полицијата во Дубаи уапси маж бидејќи украл скапоцено младенче од камила и тоа од своите комшии, за да и го подари на својата девојка за роденден.
Камилчето е вратено на сопствениците, а против вљубениот и неговата партнерка покренати се обвиненија.
Индивидуалното чување и одгледување камили денес е реткост во Емиратите, но поединци се уште ги имаат на своите фарми заради млекото и месото од нив.
Трките со камили сепак, се уште се многу популарна забава, а од време-на време дури се организира и избор на „мис камила“, што привлекува трговци кои се подготвени да платат и милиони долари за најдобрите примероци.