Сутерен.мк

Ѓаволот наречен Ана Винтур

Модната новинарка Ејми Одел напиша книга за уредничката на Вог што излезе минатата недела и полна е со тајни и приказни за животот и кариерата на Ана Винтур

Винтур одбила да учествува, но над 200 нејзини пријатели, модни инсајдери и поранешни вработени ѝ се имаат отворено на Одел за неа.

И не се дознава малку:

1. Кога била уредник во Њујорк Магазин, ја фатиле како фрла ситни пари во канта покрај нејзиното биро. Некои од вработените наводно секоја вечер ја проверувале кантата барајќи парички.

2. После концерт на Боб Марли на кој била со тогашниот сопруг Дејвид Шефер, се појавила гласина дека исчезнала две недели, затоа што имала афера со Марли. Нејасно е како се појавил трачот, но Ана има кажано дека концертот бил „искуство што ти го менува животот“.

3. Многумина веруваат дека Ана се спремала да биде амбасадор во Велика Британија, доколку Хилари победеше на изборите во 2016.

4. Кога Конде Наст се преселиле од Тајмс Сквер во едната кула од близначките во Њујорк, почнала редовно да оди во еден ресторан во близина, Палм. Го нарачувала истото за ручек секој ден – стек и Капрезе салата без домати, што во основа е куп сирење со маслиново масло. Оброкот, сосе бакшиш чини 73 долари.

5. Вака е детална и за храната што се служи на Мет Галата – има забрането лук, кромид и магдонос, за да не им мириса здивот на гостите и да не им се заглавува нешто во забите. Одбива и да служи риба, затоа што не ѝ се допаѓа како мириса. Наместо сето ова, секогаш служи пита со пилешко, затоа што е „еден оброк што има сѐ“.

6. Пред да почне да работи за Вог, им предложила идеја за статија на која работела со месеци на Интервју, магазинот што го поседувал Енди Ворхол. Кога ја одбиле, наводно почнала да плаче, нешто што Ворхол има кажано дека не можел ни да го замисли. Месец дена подоцна, Ворхол и Ана се среќаваат во ресторан. Ворхол во неговиот дневник пишува: „Можеби требаше да ја примиме. Навистина ни треба некој за мода, но мислам дека таа не знае да се облекува. Всушност, ужасно се облекува.“

7. Бидејќи модните ревии ѝ се од огромна важност, се шпекулира дека ги молела докторите порано да ја породат за да може да присуствува. Нејзиниот брат вели дека тоа е измислица.

8.Тешко се вклопила во друштво во Њујорк Магазин, како гламурозен моден уредник меѓу новинари. Неколку вработени сакале да ја позезаат, па сите ја собрале косата во пунџа на врв на главата како Ана што правела кога се трудела да се сконцентрира. Кога ја забележала шегата, се расплакала и истрчала од собата.

9. Да се биде асистент на Ана Винтур било од прилика исто како во „Ѓаволот носи Прада“. Има три асистенти во секое време. Првиот е примарен, вториот се грижи за домот и кучињата, а третиот е одговорен за бркање обврски и организирање на облеката. Еден/една од асистентите рекла дека имала уплав од возење со Ана во лифт затоа што „реди барања како навиена, а асистентот не е пред биро за да ги запише“. И да, на сите им се обраќала со името на првиот асистент, додека не била сигурна дека ќе потраат во Вог.

10. Кога почнал да се дава во кино „Ѓаволот носи Прада“, Ана била поканета на специјално прикажување на кое се влегувало само со покана. Отишла во фустан од Прада. После проекцијата, ќерка ѝ ѝ рекла „Мамо, стварно те погодиле.“ Избегала порано, за да не мора да налета на луѓе заинтересирани да дознаат колку е точна глумата на Мерил Стрип.

11. Иако семејството Кардашијан редовно оди на Мет Галата во последните неколку години, едно време не сакала да ги прима. Мислела дека не се луѓе што „значат нешто“ во индустријата. Од 2013 ги пушта, но на пример, Парис и Ники Хилтон и Никол Ричи сѐ уште не смеат да влезат.

12. Во 2018, Вог направи веб-серија „Прашај ја Ана“, и снимаа луѓе по улица со прашања за неа. Вог овде гледа потенцијал за спонзори и ја прашува дали ќе може да стават чоколадо на маса. Ана рекла дека ќе се појави само покрај Фереро Роше или Линдт и апсолутно одбива да има црно чоколадо.

Извор…
п.с.

Немала високо образование, но никогаш не вработила некој што го немал.

Никогаш не вработувала некој кој, според неа, имал вишок на килограми. Барем не, ако нема некоја долгорочна корист од истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *