Сутерен.мк

Ѓоковиќ го освои и олимпиското злато

Новак Ѓоковиќ стана третиот тенисер кој освоил трофеј на сите Грен слем турнири и стигнал до олимписко злато. Тој попладнево го победи Карлос Алкараз со 7-6 и 7-6 во финалето во Париз

Новак Ѓоковиќ конечно освои златен медел на Олимписките игри, единственото одличје кое што му недостигаше во богатата кариера.

По голема битка, Србинот попладнево го победи Карлос Алкараз со 7-6 и 7-6 во финалето во Париз.

Двајцата тенисери беа успешни на своите сервиси, па двата сета беа решени во тај-брејк.

А таму Новак Ѓоковиќ демонстрираше зошто важи за најдобриот тренер на денешницата и еден од најдобрите во историјата, и со маестрална партија го скрши својот помлад противник, кој немаше одговор.

Со оваа победа, Новак Ѓоковиќ испиша историја и стана третиот тенисер кој освоил трофеј на сите Грен слем турнири и стигнал до олимписко злато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *