Ова е втор долгометражен игран филм на Ставрески, кој по големиот успех на „Исцелител”, снима нова, сосема поинаква, но подеднакво интересна приказна
На повеќе локации во Скопје почна снимањето на долгометражниот игран филм „Трампи” по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески, а во продукција на Фрагмент филм. Филмот ќе се снима 38 дена.
Ова е втор долгометражен игран филм на Ставрески, кој по големиот успех на „Исцелител”, снима нова, сосема поинаква, но подеднакво интересна приказна.
Главните улоги во филмот ги играат Сергеј Димовски и Стефанија Начевска. Во останатите улоги се: Александар Микиќ, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Душица Настова, Наум Ѓоргиевски, Ана Димитрова, Григор Јовановски…
Директор на фотографија на „Трампи“ е Дејан Димески, сценограф е Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка и маска Јасмина Лилиќ од Србија, дизајнер на звук Лука Шуто од Чешка.
Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.
Продуценти на филмот се Ивана Шекуткоска и Ѓорче Ставрески, копродуцент е Алзбета Јаначкова.
Филмот е поддржан од Агенција за филм на Македонија и Чешки филмски фонд.