Како и за некои други животни одлуки и улогата на родител е работа на личен избор. Па така, некои познати личности одлучиле да се свртат кон другите аспекти на животот, а имањето деца не им е во приоритетите или воопшто не им е во план…
Мајли Сајрус
Славната актерка и пејачка мисли дека планетава не е баш најдоброто место за одгледување на деца. Ставот ќе го промени под услов ситуацијата да се подобри, а до тогаш не сака и некој друг да го оптеретува со проблемите што произлегуваат од распаѓањето на животната средина.
Леонардо Ди Каприо
Актерот размислува слично како Мајли, така што и неговата етика не му дозволува да се впушти во родителство. На прашањето дали себеси се гледа во улогата на татко, одговорил со да, ако се случи, но дека сепак, не го посакува тоа.
Хелен Мирен
Една од оние кои го послушале своето срце е и Хелен Мирен и тоа со голема подршка на сопругот, режисерот Тејлор Хакфорд. Иако отсекогаш уживала во друштвото на децата, а и се убедувала себеси да му даде шанса на мајчинството, таа сепак, не се решила на тој чекор и вели дека воопшто не жали што не станала мајка.
Опра Винфри
Светски омилената ТВ водителка и актерка верува дека не би била добра мајка и дека би и било тешко да воспостави добра комуникација и разбирање на желбите на детето. Признава дека идејата да има дете никогаш не ја привлекувала.
Рене Зелвегер
Актерката во 2016 година изјави дека никогаш не се гледала себеси во улогата на мајка. Ниту се оптеретувала со тоа, ниту имала очекувања. Во животот ја води ставот дека најдобро е работите да се остават да се случуваат без посебен план, без премногу грижа.
Кристофер Вокен
Американскиот актер предност и дал на својата кариера, а не на создавањето семејство. Тој вели дека тешко би одржал континуитет во работата, кога би имал деца дома.
Ким Катрал
Ѕвездата од серијалот „Сексот и градот“ како многу мала мислела дека кога ќе порасне ќе има глутница од деца и кучиња. Меѓутоа, сфатила дека не сака да стане мајка. Иако, вели имала притисок од околината поради оваа своја одлука, таа издржа во својот избор.
Елен Деџенерис
Елен по ова прашање има изјавено дека верува дека со својата партнерка добро би се снашле во родителството. Меѓутоа, од друга страна свесна е дека за тоа сепак, потребна е силна желба. Нагласува и дека да се одгледува дете е многу одговорна задача на која можеби и не и е дорасната.