Сутерен.мк

Јазовец открил богатство

Гладен јазовец кој очајнички барал храна, довел до откривање на скриена ризница со 209 римски дукати во пештерата на гратчето Градо, во регионот Астурија, на северот на Шпанија.


Археолозите го поздравиле откритието, оценувајќи дека е „исклучително затоа што се пронајдени пари од периодот од третиот до петтиот век на новата ера“.
Римските пари се пронајдени само неколку метри од дувлото на јазовецот, неколку месеци по големата снежна бура Филомена, која донела огромни количества снег во некои делови на Шпанија.
Повеќето пронајдени кованици се направени од бакар и бронза, а се верува дека најголемата пара тежи осум грама, со околу четири отсто сребро, искована во Лондон.
До денес, ова е најголема ризница на римски пари пронајдена во пештерата на север на Шпанија – потврдија истражувачите во неодамнешниот извештај.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *