Сутерен.мк

Јусуф е попаметен од Ајнштајн и Хокинг

Јусуф Шах, 11-годишно момче од британскиот град Лидс постигнало повисок коефициент на интелигенција од двајца од најпознатите генијалци во светот, Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Пријателите на Јусуф во Лидс секогаш му велеле дека е многу паметен, но тој сакал сам да го провери тоа со полагање на тестот Менса.

Коефициент на интелигенција е вкупен резултат за човековата интелигенција и когнитивна способност, добиен од неколку стандардизирани тестови дизајнирани да ја проценат и измерат.

Статистиката покажува дека само два отсто од светската популација имаат доволно висок коефициент на интелигенција да членуваат во „Менса“.

Единаесетгодишниот Јусуф го полагал тестот за интелигенција на Менса, по што резултатот на младиот генијалец изнесува неверојатни 162 IQ, според извештаите на локалните медиуми.
Се проценува дека Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг имале околу 160 IQ, малку пониско од младиот Јусуф.

Според извештајот, Шах, ученик во основното училиште „Вигтон Мур“, го поминал тестот без посебни подготовки за истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *