Сутерен.мк

Јутјуб ќе блокира антиваксери!

Не само антиваксерските објави за Ковид – 19, туку нема да бидат дозволени ни содржини на Јутјуб каналот во кои се тврди дека вакцината против грипот предизвикува неплодност и дека ММР вакцината сноси вина за аутизмот!

Компанијата која е во сопственост на Алфабета, односно Гугл, исто така ги забранува и каналите поврзани со активисти против вакцините за заштита од короновирусот, како Роберт Кенеди јуниор (адвокат и син на покојниот сенатор Роберт Кенеди) и Џозеф Меркола, еден од американските гуруа на хомеопатијата.

Овој потег е последица на масовните критики кон Јутјуб, Фејсбук и Твитер дека не прават доволно за да го запрат ширењето на лажните здравствени информации на своите страници!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *