Сутерен.мк

Љубов, вредна милиони!

Јапонската принцеза Мако денеска се омажи за својот избраник Кеи Комуро, кој нема благородничко потекло, пренесоа светските агенции!

Така, принцезата Мако ќе ја изгуби титулата и ќе стане обичен граѓанин. Принцезата се откажа од традиционалните гламурозни ритуали и еднократната исплата од над 1,3 милиони долари.

Младенците имаат 30 години, а студирале заедно на универзитет. Двајцата ќе живеат во Њујорк, каде Комуро веќе работи во адвокатска канцеларија. Сѐ уште не се знае дали Мако ќе работи, но има добро образование – студирала уметност и културно наследство.

Кога принцезата Мако и Кеј Комуро ја објавија својата свршувачка пред четири години, веста првично наиде на одобрување во Јапонија, но работите се сменија кога таблоидите открија финансиски скандал во кој е вмешана мајката на младоженецот. Комуро потоа замина во Њујорк да студира право и се врати во Јапонија дури минатиот месец.

Бракот нема никаква врска со редот на наследување на царскиот престол. Во Јапонија, тронот се пренесува само преку машка линија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *