Сутерен.мк

Љубов им се случува на опуштените

Шри Шри Рави Шанкар, светски познатиот хуманист, миротворец и духовен водач (1956, Индија), припадник на учењето на Махатма Ганди за мир и ненасилство, советува за љубовта:

„Во љубовта не очекувајте ништо. Доколку сакате нешто за возврат, немојте тоа да го нарекувате љубов. Вие всушност, го сакате неговото/нејзиното внимание и физички контакт. Под маската наречена љубов, вие само ја изразувате таа потреба… Се додека длабоко го сакате сето тоа, ќе бидете разочарани.

Потребата постепено станува лакомост, лакомоста се претвора во бес и љубомора и уште многу други негативни емоции. Наместо да тргнете во таа насока, свртете се кон центарот, посветете се на себеси. Не очекувајте ништо од никого.

Кога силно посакувате љубов, кога имате огромен копнеж по неа, таа желба сама по себе го одложува покажувањето на љубовта. Значи, се што треба да направите е да пуштите и да се опуштите. Она што е ваше, ќе дојде кај вас.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *