Што е љубов?
Чехов
Чехов дарлинг, со такво име би требало да знаете дека таа е крик на побуната против празнината на животот…
Како да дознаам дали сопругот ме изневерува?
Д.Р.
Д. Р. дарлинг, веројатно никогаш тоа нема да се случи. Повеќето луѓе имаат потреба да веруваат во она што партнерот го зборува. Довербата креира чувство на сигурност и удобност. Вистината е поболна од незнаењето. Затоа и не дознаваме за неверствата на партнерот, а и, ако дознаеме, ние сме последните. Цел град сигурно веќе труби за тоа наголемо. Ако на нешто инсистираме со секој атом во нас, тоа е да не ја видиме прељубата…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)