Договорот кој владата го потпишала предвидува милионски пенали за Бехтел и Енка доколку не добие зелено светло 60 часовната работна недела.
Во случај Собранието да не ги донесе законските измени со кои ќе се овозможи работниците што ќе работат на автопатите да бидат работно ангажирани 60 часа во неделата, државата од буџетот на основ на отштета ќе треба еднократно да ѝ исплати на американско – турската компанија 53 милиони евра народни пари за пенали.
Освен еднократната отштета, ќе треба да се плаќа и 1,26 милиони евра месечно а на ова дополнително ќе треба да се платат уште 900.000 евра секој месец, обелоденува Александар Николоски кој имал увид во договорот.