Сутерен.мк

Ќе остане ли Европа без Фејсбук и Инстаграм?

Европските лидери го прифатија индиректното предупредување на Мета дека ќе ги затворат своите операции на Инстаграм и Фејсбук низ Европа доколку овој гигант повеќе не може да ги обработува европските податоци на американските сервери!

Роберт Хебек, германскиот министер за економија, за Блумберг истакна:

„Откако ми беа хакирани профилите, живеев без Фејсбук и Твитер четири години и животот беше фантастичен“.

Заедно со неговиот француски колега, министерот за финансии, кој додаде:
„Можам да потврдам дека животот без Фејсбук е добар и дека живееме без оваа мрежа многу долго време. Технолошките гиганти мора да разберат дека Европа не може да биде уценувана и ќе чувајте го нашиот суверенитет“.

Тие во Париз одговараа на прашања во врска со најавата на Мета дека Фејсбук и Инстаграм повеќе нема да можат да работат во Европа поради новите одлуки на ЕУ за приватност.

„Европската унија е отпорен пазар со многу економска моќ и единство и вакво нешто не може да не заплаши“, додаде германскиот министер Хебек.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *