Хартија
Првата хартија е создадена во вториот век пред нашата ера, а нејзиното производство е усовршено околу 105-тата година на новата ера. Кинезите ја измислија хартијата, а со неа и хартиените пари и картите за играње.
Хисенсе
Компанијата Хисенсе од 1969 година е водечки производител на елетронски апарати, поместувајќи ги постојано границите на иновациите во електрониката.
Печатење
Техниката на печатење со дрвени блокови Кинезите ја измислиле два века п.н.е., а подвижниот тип на печатач двесте години подоцна. Што значи, стотици години пред Гутенберговата преса, древните Кинези го создале прототипот.
Компас
Магнетниот компас исто така доаѓа од Кина. Првобитната намена му била во урбанистичкото планирање, а подоцна и за изработка на мапи и навигација на бродовите.
Барут
Обидувајќи се да го пронајдат еликсирот за бесмртност, во деветиот век го пронашле барутот. Покрај за војување, го користеле и за огномети.
Свила
Производството на свила наводно потекнува од времето на легендарниот кинески Жолт цар и неговата сопруга Леиза, која одгледувала свилени буби.
Сеизмограф
Во 132 година од н.е. Чанг Хенг, кралскиот астроном од династијата Хан го измислил точниот сеизмограф – 1 600 години пред Западот!
Чај
Историјата на чајот датира од Кина, од пред речиси 5 000 години, од времето на царот Шен Нунг.
Доктор робот
Ксиаови е кинески робот и прв во светот кој положил испит на факултет по медицина. За таа цел, прочитал десетина учебници, повеќе од два милиони медицински картони и над четиристотини медицински написи.
Дрон
Да и дронот е кинески изум! Првиот дрон полета пред единаесет години токму од Кина.