Ако веќе подолго се чувствувате без енергија и сила, најдобро решение би било да одите на одмор или вашите обврски да ги доделите на некој друг. Прегорувањето од работа е сериозна состојба која може да предизвика долгорочна штета на вашето ментално и физичко здравје.
Многу е важно да ги знаете симптомите за да си помогнете сами пред работите да се влошат. Психолозите Херберт Фреуденбергер и Гаил Норт открија кои знаци треба да препознаете, а се јасни показатели дека ви е потребен одмор.
1. Чувствувате силна потреба дека постојано мора да се докажувате.
2. Работите сè повеќе и повеќе за да се докажете поради што сте станале „зависник“ од работата.
3. Ги занемарувате сопствените потреби, не спиете добро, не јадете квалитетно, немате социјален живот.
4. Влегувате во конфликт со другите, ги обвинувате нив или одредена ситуација за стресот во кој се наоѓате.
5. Ги менувате вашите вредности за што повеќе се фокусирате на работата, додека пријателите и семејството не се толку важни.
6. Ги негирате проблемите кои растат поради стресот на работа, ги перципирате другите на работа како глупави, мрзливи, недисциплинирани.
7. Сè помалку учествувате во семејниот и социјалниот живот.
8. Вашите најблиски се вознемирени поради вашето однесување.
9. Повеќе не се чувствувате како да сте тоа вие, не чувствувате дека вредите, не го имате тоа чувство ни кон другите.
10. Се чувствувате празно, почнувате да пиете алкохол, пушите и се вртите кон други пороци.
11. Се чувствувате депресивно, изгубено и исцрпено, иднината не ви изгледа светла.
12. Доживувате ментален и физички колапс.