Сутерен.мк

13 највлијателни древни Грци

Солон (630 – 560 г.п.н.е.), еден од седумте мудреци на Грција

Една од иновациите по која старите Грци се најпознати е демократијата – политичкиот систем со кој владее народот, а не монарх или диктатор – а за нејзин дедо се смета Солон од Атина.

Хипократ (460 – 375 г.п.н.е.)

Необично за античкиот свет, лекарот и филозоф Хипократ верувал дека за болестите има рационално, а не натприродно објаснување.

Софокле (околу 496 – 406 г.п.н.е.)

Делата на Софокле се едни од најстарите трагични дела кои преживеале до денес, а најпознати се „Крал Едип“ и „Антигона“.

 

Сафо (околу 630 – 570 г.п.н.е.)

Се смета дека е родена на островот Лезбос, во аристократско семејство. На Лезбос водела академија за млади, немажени жени посветени на Ерос и Афродита – боговите на љубовта.

Сократ (околу 470 – 399 г.п.н.е.)

Сократ е основачот на западната филозофија меѓутоа, тој немал обичај да ги запишува своите мисли. За среќа, тоа наместо него го правел Платон, неговиот ученик.

Питагора (околу 570 – 495 г.п.н.е.)

Се мисли дека е роден на островот Самос и нема некои поконкретни информации за неговиот живот, но теориите на математичарот Питагора се учат и денес.

Перикле (495 – 429 г.п.н.е.)

Генералот и државник Перикле, владеел со Атина во текот на нејзиното златно доба и бил толку ценет што е прогласен за „прв граѓанин на градот“.

Херодот (околу 484 – 425 г.п.н.е.)

Без неговите записи би знаеле многу малку за случувањата во стара Грција. Потекнувал од Халикарнас, грчки град кој во времето на неговото раѓање бил под персиска власт.

Архимед (околу 287 – 212 г.п.н.е.)

Грчки научник и пронаоѓач и автор на брилијантниот израз „Еурека!“

Хомер (8 век п.н.е.)

Легендата вели дека бил слеп поет од островот Хиос чии песни првично се ширеле усно. Се претпоставува дека негови дела се и големите епови „Илијада“ и „Одисеја“.

Аристотел (384 – 322 г.п.н.е.)

Долгата традиција на грчките мислители продолжува со Аристотел, кој бил ученик на Платон.

Фидија (околу 480 – 430 г.п.н.е.)

Фидија бил еден од најпознатите уметници на античкиот свет чии дела за жал, не се сочувани. Ја создал статуата на Зевс од злато и слонова коска, која станала едно од седумте чуда на стариот свет.

Аните од Тегеја (3 век п.н.е.)

Аните била толку славена како поетеса, што ја нарекувале женски Хомер. Родена е во Аркадија на Пелопонез, а се извоила од останатите посветувајќи се да пишува за светот на природата наместо боговите и натприродното.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *