- Колку што е беспрекорен човекот однадвор, толку повеќе демони има внатре…
- Не ги бираме случајно луѓето… Ги среќаваме само оние кои веќе постојат во нашата потсвест.
- За жал, потиснатите емоции не умираат. Приморани се да молчат. И одвнатре продолжуваат да влијаат врз човекот.
- Задачата да се создаде среќен човек не влезе во планот при создавањето на светот.
- На светот доаѓаме сами и сами го напуштаме.
- Оние кои сакале бројни – ги запознале жените,оние кои сакаат една – ја запознале љубовта.
- Постојано ја бараш силата и поддршката надвор, а треба да ја бараш во себе. Таму отсекогаш и биле.
- Повеќето луѓе во суштина не ја сакаат слободата, бидејќи таа подразбира одговорност, а одговорноста повеќето луѓе ги плаши.
- Кај вреден човек ретко доаѓаат на гости неработници – мувите не летаат накај зовриен лонец.
- Во средниот век би ме запалиле мене, сега ги горат само моите книги.
- Понекогаш цигарата е само цигара.
- Љубовта и работата се каменот темелник на нашата човечност.
- Зависта е разорна.
- Ние не сме лишени од грешките за кои им се смееме на другите.
- Не постои ништо поскапо од болест и нејзиното игнорирање.
- Масите никогаш немале жед за вистината. Ним им требаат илузии, без кои не можат да живеат.
- За сексуална девијација може да се смета единствено отсуството на секс, се останато е работа на вкус.
- Ништо не се плаќа во животот толку скапо како болеста и глупоста.
- Првиот човек кој фрлил навреда наместо камен, бил творецот на цивилизацијата.
- Првиот знак на глупост е целосното отсуство на срам.
- Толкувањето на соништата е кралскиот пат кон несвесното.
- Секој човек има желби, за кои не им зборува на другите, и желби, што не си ги признава дури ни на самиот себе си.
- На човекот му е својствено најмногу да го цени и посакува она што не може да го постигне.
- Единствениот човек со кого треба да се споредувате себе си – сте вие во минатото. И единствениот човек од кого треба да сте подобар – тоа сте вие сега.
- Човекот никогаш од ништо не се откажува, тој едноставно заменува едно задоволство со друго.
- Величината на вашиот идентитет се одредува со величината на проблемот кој е во состојба да ве извади од такт.
Зигмунд Фројд (6 мај 1856 – 23 септември 1939), австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологија.