Сутерен.мк

40 години криеле за ранитидинот и ракот

Компанијата која го создаде и го продаваше светски популарниот лек против стомачни киселини и горушица/жгаравица денес вреди 73 милијарди долари а ранитидинот бил нивниот бестселер. Го продавале со децении знаејќи дека содржи опасен канцероген од кој само еден милиграм може да ги мутира клетките на глушец

Глаксо некогаш била мала британска компанија чии фармацевтски истражувања ретко резултирале со профитабилни лекови. Но, едно време научниците од нивните лаборатории создадоа молекула што ја нарекоа ранитидин, за што во 1978 година им бил одобрен американски патент.

Молекулата била нова, но не и оригинална. Како што понекогаш прават научниците, се бара начин да се имитира успехот на веќе етаблиран лек – во случајов оној кој лекува чир и може да се користи за лекување на горушица. Ранитидинот брзо го развиле а американската Агенција за храна и лекови брзо го одобрила.

Глаксо му дава име на брендот – Зантак. Го пласира на пазарот како подобар и побезбеден од лекот што го инспирирал, Тагамет, наскоро Зантак го престигнува Тагамет и станува најпродаваниот лек на рецепт во светот.

Долги години, Зантак учествува со речиси половина од продажбата и профитот на Глаксо. Компанијата добива награда од кралицата Елизабета; главниот извршен директор бива прогласен за витез.
Во 2019 година беше откриено дека лекот е полн со високи нивоа на најверојатен канцероген. Не како грешка во производство или само во неколку серии. Отровот го создавал самиот ранитидин!

Здравствените регулатори ширум светот го отповикаа лекот, а во пролетта 2020 година ФДА целосно го исфрли од пазарот.
Од почетокот до крајот на ранитидинот, Глаксо бил предупредуван од сопствените научници и независни истражувачи за потенцијалната опасност. За тие четири децении, тие предупредувања се акумулирале во стотици документи, илјадници страници, многу од нив необјавени во јавноста.

Тие покажуваат дека при одобрување на ранитидинот, Агенцијата за храна и лекови ги земала предвид ризиците од рак, меѓутоа и дека Глаксо не споделил битна, критична студија. Со текот на годините, компанијата доставувала и дополнителни истражувања, онакви со методолошки утки, дизајнирани да ја минимизираат загрижноста во врска со ракот.

„Глаксо продаваше лек за кој знаеше дека може да им наштети на луѓето, се обиде под тепих да ги сокрие доказите за тоа и никогаш никому не му даде ни најмало предупредување“, пишува Блумберг.
Досега 70.000 Американци кои земале Зантак или генерички лек се имаат приклучено кон колективната тужба против компанијата. Судењето ќе започне месецов во Калифорнија.

За тоа колку е опасен канцерогенот НДМА: помалку од еден милиграм може да ги мутира клетките на глушец. Два грама убиваат човек за неколку дена.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *