Сутерен.мк

5 причини за разделба

Доколку го изземеме неверството, кое е најчесто, непростливо, повеќе фактори можат да доведат до крајот на романсата. Како своевиден просек, некој од следниве пет „смртни гревови“ е најчесто главна причина за разделба на некогашните љубовници!

Себичност

Врската не може да функционира, ако еден партнер дава се од себе таа да успее, додека другиот го гледа само својот тесен интерес. Тоа особено важи, ако партнерите живеат заедно и мораат да се договорат околу поделбата на обврските во домот. Доколку после одреден период во врската и понатаму само еден пертнер покажува интересирање за другиот, додека овој е ноншалантен и води сметка само за своите потреби, таквата врска нема иднина.

Емпатија

Неопходна состојка за секоја врска е емпатијата. Тоа значи дека константно мора да покажувате дека ви се важни чувствата на вашиот партнер и да го утешите со своите зборови и гестови кога е деморализиран и под стрес. Секако, таквото однесување се очекува и од него, инаку пак доаѓаме до првиот „смртен грев“ на секоја врска, себичноста.

Манипулација

Кога партнерот ве обвинува дека сте премногу чувствителни, ако споменете дека бил премногу груб кон вас во некоја ситуација, тоа е негов начин да ја „префрли топката на вашиот дел од теренот“ и да ве натера да помислите дека вие претерувате, а не тој! Таквите психолошки манипулации се многу чести во некои врски, поради што и не траат долго.

Комуникација

Комуникацијата е клучна за одржување на секој однос меѓу луѓето, па и љубовниот. Без разговор за проблемите во врската, тие никогаш нема да се решат и колку и да ви е понекогаш напорно и заморно да го слушате вашиот партнер затоа што и самите сте уморни или нервозни, многу е полошо кога постои дистанца помеѓу вас.

Мрзеливост

Врските и браковите бараат работа. Не можете да си дозволите себеси да бидете мрзеливи и да ги пуштите работите да се „одвиваат сами од себе“, ако планирате со некого да останете долго. Треба одново и одново да ја покажувате својата љубов кон вашиот партнер, да бидете иницијатор за заеднички активности и од време – на време, да го изненадувате со подароци и други знаци на внимание.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *