Сутерен.мк

6 документарци за модните зависници!

Не постои личност која ја сака модата (па и да не ја практикува баш, ревносно) што не би да дознае нешто плус за своите омилени дизајнери. Еве неколку документарци без кои не може да се замисли ничиј салонски живот…

Маноло: Кралот на чевлите

Овој документарен филм кој оригинално се вика „Маноло: Момчето кое правеше чевли за гуштерите“ е интимен портрет на најдобриот дизајнер на чевли во последните два века, кои патем, се и најнеудобните! Инаку да, навистина дизајнирал чевли за гуштери и тоа од обвивки од бомбони.

Диор и јас

Ова веројатно е најпосветениот филм на сите оние кои стојат зад нечие големо име! Документарецот ве води низ осумте недели, кои Раф Симонс ги има за да ја претстави својата дебитантска колекција за Диор! Притоа, не се заборавени сите оние моделарки, шнајдерки, фирцања…

Валентино: Последниот цар

Ова е филм што секако ја следи кариерата на Валентино Гарвани, но акцентот е сепак, ставен на неговиот однос со Џанкарло Џиамети. Џиамети беше деловен и животен партнер на Валентино.

Ив Сен Лоран или Луда љубов

Фасцинантен увид во тоа кои му биле музи на Ив Сен Лоран, жените кои ги обожувал – особено една, но и во приватниот живот на модната икона и неговиот партнер Пјер Берже. Особено е впечатлива подготовката за аукцијата на Берже на неговите уметнички дела.

Лагерфелд доверливо

Нема моден дизајнер кој повеќе не си ја криел приватноста. Филмот е увид во неговото детство, почетоците на неговата кариера, екслузивен „упад“ во неговиот париски стан и една од ретките можности да го видите дизајнерот без очилата за сонце.

Меквин

Интензивен спој на архивски снимки, ревии, бекстејџот, домашни видеа и емотивни интервјуа со најблиските! Документарецот за Александар Меквин е неверојатно патешествие за се она што значи да се живее не  за модата, туку за сопствениот глас, креативноста, начинот на живот…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *