Овошје со чили
- Во некои земји на Латинска Америка, како Мексико, мелено чили ставаат дури и на овошјето – најчесто на манго, лубеница, ананас и портокали.
Пржени краставици
- На југот на САД постои традиција на пржење на висока температура со постојано мешање. Истото јадење го подготвуваат и во Кина со додаток на јајца и путер од кикирики, а во Јужна Кореа краставиците се пржат на масло од сусам.
Месо со чоколадо
- Една од состојките на мексиканскиот сос „моле поблано“, со што традиционално се става преку месо е чоколадото. Преливот содржи и какао, лути пиперчиња, а понекогаш и други зачини.
Авокадо како десерт
- Од авокадото не се прават само салати, сосови и сендвичи. Во Бразил го комбинираат со шеќер и лимета и го служат како десерт.
Фанта со млеко
- Во Индонезија обожуваат да пијат фанта со засладено кондензирано млеко, а популарна е и комбинацијата со минерална вода, сируп од јагоди и кондензирано млеко и мраз.
Бургер со цвекло
- Во Австралија честопати бургерите се со маринирано цвекло, па и со пржено јајце. Оваа комбинација се повеќе добива на популарност и во многу други земји.
Сладок колач со јајца и шунка
- Во Австрија за Великден традиционално се јаде слатко тесто со варени јајца и шунка. Обично, ваквиот колач го прават бабите за своите внуци.