Сутерен.мк

7 причини да ја баталите шминката

Декоративната козметика е измислена за да ја нагласи, а почесто и да ја надомести, нашата убавина. Сепак, на многумина шминкањето им е напорен процес и нешто што не ги исполнува, но и понатаму го прават. Еве, според „Космополитан“ неколку причини за полесно да се збогуваат (па нека е и на извесен период) со оваа социјално „обврзна“ рутина…

  • Шминката често предизвикува алергии и предизвикува акни.
  • Се покриваат „флеки“ кои би требало да се третираат медицински.
  • Неизлегувањето од дома без шминка е крајно сериозно нарушување на самодовербата.
  • Повеќето од производите што ги користиме се преполни со хемикалии.
  • Одзема премногу време, кое може многу покорисно да се потроши.
  • Добрата декоративна козметика е многу скапа.
  • Шминкањето треба да биде забавно, а не малтретирање – ако ве мрзи, не се шминкајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *