Во 1951 година, на 14 март, Алберт Ајнштајн го прославувал својот 72 – ри роденден. После забавата на Принстон, надвор го чекале мноштво фоторепортери. Ајнштајн, влегол во автомобилот и седел меѓу поранешниот директор на Институтот, Френк Ејделата и неговата сопруга Мери.
Збоктисано од напорните новинари, во еден момент, им го исплазува јазикот со јасна порака:„Ова е мојот став за се!“
Артур Сас е фоторепортерот кој го притиснал копчето кога требало!
Фотографијата е денес иконична, неговата теорија за релативноста едвај некој и да ја разбира, а тој е еден од најпопуларните ликови на 20 –от век!
Инаку, самиот Ајнштајн ја направил фотката популарна: толку му се бендисала, што нарачал копиии, кои потоа ги делел наоколу… Се разбирал човекот и од пиар меѓу останатото…