Сутерен.мк

77 години од ослободувањето на Скопје

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42-та и 50-та Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.
По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.


Партизаните победоносно, на коњи, парадирале низ центарот на градот. По Скопје, останале неослободени градовите Тетово и Гостивар. Но, најголемата и најтешката битка, се сеќаваат борците, била издвојувана со ослободувањето на главниот град.

Околу 500 партизани од кои стотина жени, учествувале во битките за ослободување на градот.

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *