Сутерен.мк

79 години од озаконувањето на македонската азбука

„Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“, ќе каже нашиот Блаже Конески, додека Крсте Петков Мисирков своевремено кажал дека: „Должни сме да го милуваме нашиот јазик зашто е наш, како нашата татковина“.

Денес е 5 Мај – Ден на македонскиот јазик. Според професорката Елка Јачева – Улчар примената на македонскиот јазик не е на соодветно ниво, состојбата не е добра особено кога македонскиот јазик се заменува со англискиот па на тој начин се губи неговата употреба. Посебно внимание треба да обрнат аудиовизуелните медиуми, новинарите, спикерите и водителите бидејќи употребата е на лошо ниво додека состојбата е поралична и во подобро ниво кај печатените медиуми.

Според професорот, Људмил Спасов овој ден е од големо значење за сите нас. Според Спасов со Законот за употреба на македонскиот јазик состојбата ќе се подобри но сепак подвлекува дека треба да се продолжи грижата околу севкупната примена на македонскиот јазик.

Сепак примената на македонскиот јазик е во лоша состојба особено во училиштата смета професорката Елка Јачева – Улчар.

Дека треба да се обрне поголемо внимание особено во училиштата зборува и професорот Спасов, кој додава дека треба да се задржи нивото на употреба на македонскиот литературен стандарден јазик.

Оваа година е донесен и Законот за употреба на македонскиот јазик кој содржи многубројни решенија за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција назајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *