Владимир Путин од службениот профил на Твитер следи само 22 профили. Уште поинтересни се имињата на таа листа!
Путин ги следи руските медиумски платформи РТ, Спутник и Министерството за надворешни работи на Русија, но, меѓу оние кои ги следи се и Арнолд Шварценегер и Илон Маск. Тука се и Барак Обама, поранешниот канадски премиер Стивен Харпер, Јенс Столтенберг и Борис Џонсон.
Профилот на Путин најверојатно го водат неговите соработници, но и тој самиот сигурно понекогаш го отвора. Другите платформи како Фејсбук, Инстаграм и Ватсап се попопуларни од Твитер во Русија, но Твитер се користи како дел од информативната стратегија на Кремљ.