Атлантски лосос – велат дека омега-3 масните киселини кои ги содржи црвеното месо на оваа риба можат да влијаат на биолошкиот часовник на човекот, што значи дека можат да го забават стареењето.
Сина риба – се смета за исклучително корисна за човечкиот организам бидејќи содржи изобилство од фосфор, калиум, калциум, натриум и железо.
Атлантска харинга – се смета за помасна риба, но омега-3 масните киселини кои ги содржи се од голема корист за кардиоваскуларниот систем.
Езерска златовчица – риба која живее во слатки води. Нејзиното месо е масно, речиси како месото од лосос, но не се суши кога термички ќе се обработи.
Папалини – гириците или сарделите се вид риба која има толку протеини што може да му парира на кое било месо. Од друга страна, нејзините калориски вредности се мали. Богата е со витамини и минерали кои му се потребни на организмот за нормално функционирање.
Скуша – оваа риба е совршена за секоја диета бидејќи содржи малку калории, а многу витамини и минерали.
Пастрмка – ако само еднаш неделно јадете пастрмка, можете да го намалите високото ниво на холестерол, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да го намалите ризикот од појава на проблеми со помнењето во староста.
Сардина – оваа мала риба добро се апсорбира во човечкиот организам и е одличен извор на протеини. Сардината содржи цел комплекс на витамини (А, Б12, Б6, Д) и рибино масло кое го намалува холестеролот.
Туна – богата со омега-3 и омега-6 масни киселини, што ја сместува помеѓу најкорисните риби.