Сутерен.мк

Игор Пачемски: Don’t play that song again/Silentium Aeternum

Comme d’habitude и оваа година доаѓа мај во нашиот (вашиот) крај. Ретро спомени на првиот пеглан памук, цветни дводелни плисирани комплети на Астибо од перма-кринкл полиестер, обетки од рани цреши, вкусот на пената на излижана чаша пиво на првомајски пикник и неизбежната шлаканица што следи по ваков детски обид за декаденција.

Наговестување на бескрајно долгиот тримесечен летен распуст, што се простира во недоглед како хоризнот кој не можеме да го рационализираме и секако “стрепња” како ќе поминеме на Евровизија, полни со југословенско фиерте!

Во денешно време, мај е месецот во кој треба да им објаснувам на моите драги пријатели на Запад, дека “уствари, не сме вакви”, затоа што одамна го заменивме братството со боратството со кое блескаме на европската сцена, како самодекларирана музикална нација брукајќи се со корсети со шилести цицки, бели адмиралско-козачки кожи, фустани на Елса од “Фроузен”… И грмење од главната сцена со свадбарките на мегдан во провиден тил, некогаш во алт, некогаш со потскриени свадбарки во “свиречки регистар”, а некогаш само “за да го потсетаам” со култно фалширање на Балкан ванаби “Спајс грлс” облечени во јоргован ликра како проститутки недоизлезени од пубертет.

Англија во 90-ти ја имаше својата втора ренесанса, после “Swining Sixties” со “Cool Britania”. Бритпоп, нов лабуризам, браќата Галагер, “The Verve”, ретро патики, згодни момци, цури у војнички пантолони со голи стомаци, кул урбана мода и одеднаш, дагау – „Тко су ти људи?!„ (Што би рекол Влатко Штампар). На сцената неколку години по ред се појавуваат Ники Френч, фенирано бабе во пе-ве-це и лаванда сатен за тапацирање, Линѕи Дракас како драчевчанка во тренерка и Џеминај, како пореметени амбициозни провинцијалци на аудиција за театар на вариететска програма на бугарското приморје (стравот во очите им е сличен на тандемот водителки на национална македонска телевизија, кои според нашата семејна класификација изгледаа како две проститутки што за првпат работат на туѓ терен – ем исплашени, ем накурвени).

Ни Англија не е она што беше! Европа немилосрдно ја казни Англија со nul points (нил пуа), ама очигледно нас нема кој да ни ја даде оваа оценка што со години ја заслужуваме.

Се сеќавам дека избор за стипендисти на Сорос бевме јас, Јасминка битолчанката и еден од „Корчагин“ со златни ланци, ама паметен пустиот. После нас беа Исток, Пешка и Васко… Сите до еден имаме фантастични кариери. Кој дома, кој надвор – бевме бирани со надеж. Надеж дека нешто ќе смениме. Кога на Западот му стана јасно дека нема оправање и дека едноставно најдоброто што може да се добие од ова подрачје е скриптирана просечност олицетворена во НВО политичка коректност, стипендии престанаа да се даваат на таленти.

Не бев ни толку изненаден кога ги видов Чевенинг стипендистите наредени покрај англиската амбасадорка Рејчел Галовеј. Our Rache, како што сакам да ја нарекувам со ироничен тон на синдикалниот север од каде што потекнува е пример на неспособен Кванго идиот и производ на англискиот општествен сектор. Ограничена по раѓање, а и по професионална определба, дека таквите функционираат професионално во еден Бранко Коцкица свет што не е многу поврзан со реалноста, во јасно зацртани квардратчниња поставени таму да се минимализира ризикот од нивната глупавост и некомпетентност. До неа сликана Ена Бендевска, кандидатка на нуво НВО културата, па ако се чудите од кај на Бенде пари да си ја прати ќерката со вкус на Северина и поглед со ај-кју и интензитет на туцана шницла, во Лондон, еве ви го одговорот – Чевенинг.

До неа еден анонимем педер од тие хелсиншките, кој реално, 99 отсто од времето го поминува на Гриндер и нашата Рејчел, окезена дека направила добар избор, со слична лажирана гордост, како кога Лидија Георгиевска прошета со победничката на конкурсот за Еко мода, организиран од Британската амбасада, додека нејзините корени и изгорената коса беа во прекрасна хармонија со жолтиот сари, жаркардиран ромски полиестер, на крајно неталентираната прворангирана која секако, беше избрана на тетка Лидија да и донесе глас на професорскиот колегиум дека девојчиштето таму е како претставник на студентскиот совет.

„Tко су ти људи?!“ беше мојата реакција кога ги видов македонските претставници на Биеналето во Венеција. Мислам, не викам да ја пратиме Жанета Вангели или некој реликт од времето кога беше доволно да облечеш кошула од асе и филигран и да си уметница, ама кои се бре овие?! Или пак, на какви луѓе повторно им се одобрени ФИТР инвестиции?! Или нашиот пример за возови/влакови – мешани бракови, Зекири, која својата була број 1 ја замени со урбана Македонка, мртов ладен си дрибла тендери од милиони?!

Тко су ти људи?! Од каде доаѓа неверојатната моќ на нашиот напатен народ да има фарма идиоти, кои се вадат од нафталин штом некој си замине? Проблемот (иако е) и не е “сјаше Курта да узјаше Мурта”. Проблемот е дека секој Мурта е се полош од Курта.

Дали е можно Владо Јаневски, облечен како Бранко Црвенковски на Евровизија (со чесен исклучок на Каролина, облечена од Цаци Пулс- квисче, која беше топ), да биде најнормално нешто што сме пратиле/избрале на Евровизија? Дали е можно тој башибозук со кој тргнавме од нулта точката во 1992-ра да биде парагон на нормалност за ова сега? Дали е можно луѓе со калибар на „врапчето“ што викало ВМРО Македонија да биде доминантно во државата и покрај 81,91 просечен коефициент на интелигенција? (Патем, тоа се гранични вредности.)

Не можам да не резимирам со последниот државен моден хорор кој во организација на „Ботега ивенти“, очно ме силуваше пред некој ден. Тамара Тодевска, облечена како некој бизарен микс од Павле Вуисиќ во „Камионџии“ и Жане од кадрово, со „врат на пит бул“ и сценски движења на маалски тепач – доминира. А, во публика, новата скопска „елита“ како Агнеса, на сликите често виден и нашиот мил Александар Ношпал, кој мислам дека има најголем придонес за нашиот меѓународен имиџ како државата која заслужува доживотна награда „Барбара Декс“, а се преставува како персона со истенчен моден вкус и израз и секако, ненадмината едукација. Нашето професионално кредо се докажува и со тоа каде сме видени и што ендорсираме со своето пристуство.

Затоа, Don’t play that song again. Silentium Aeternum на вакви. Тишина што би рекол Борат. Завртете нов лист пред да биде доцна. Меѓутоа, што би рекла Lindsay – no dream impossible, но имајте во предвид дека сме природно глупи и тромавки, па да не биде после – Cry, cry, baby! Macedoine du Nord, nul points.

(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)

*Ставовите изнесени во колумните се лични мислења на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk.

 

 

One thought on “Игор Пачемски: Don’t play that song again/Silentium Aeternum

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *