Сутерен.мк

Несериозноста на искинатите фармерки

Облекувањето за работното место секогаш носи ризици и зависи од многу фактори пред се, човечки се разбира, но носењето расцепени фармерки на работа (каква и да е таа) изгледа општо прифатено е дека е невкусно.

Кога фармерките се измислени на крајот на 19-от век, расцепените или излитените фармерки биле знак за напорен ден. Доколку некој носел таква облека, тоа значело дека има аргатски задолженија.

Оштетената облека стана популарна во 90-тите кога гранџот беше во мода. Луѓето го сакаа лежерниот изглед на распарчениот џинс и наеднаш, тој се најде во сечии плакари. Иако, крајно е чудно компанија да сака да направи совшрени фармерки само за на крај тие да изгледаат како искинати пантолони?!

Денес, луѓето носат распарталени фармерки на различни начини и во секакви прилики, но златното правило „што не се носи“ на било кое работно место сепак, останува:

  • Мини здолниште и куси пантолони
  • Кошули што покажуваат какво и да е деколте
  • Претесна облека
  • Облека со неприкладни натписи или фотографии
  • Опуштени и многу широки пантолони
  • Влечки од било кој тип
  • Расцепена облека од било кој тип

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *