Сутерен.мк

Зошто на туѓа свадба не се носи бело?

Едно од правилата на свадбениот бонтон е гостите да не носат бело.

Времињата се менуваат и некако се чини дека веќе воспоставените правила не се толку важни, па некои од најпознатите и најмодерните жени во светот се осмелија да носат бело на свадбите на своите пријатели и роднини, како Бијонсе или Кејт Мидлтон.

Луѓето кои ја организираат свадбата сепак сакаат гостите да ги почитуваат желбите на невестата и младоженецот, за нивниот најсвечен ден да помине во најдобар ред.

Ако се носи бела облека на туѓа свадба тоа на некој начин може да ја вознемири невестата.

Единствен исклучок кога е прифатливо да се носи бело на туѓа свадба е само кога невестата конкретно го побарала тоа, велат експертите.

„Иако многу свадбени традиции полека исчезнуваат, необлекувањето бело како гостин на свадба секогаш ќе остане“, вели Кејти, организатор на свадбени прослави.

„Најважниот приоритет за време на овој свечен ден е невестата да се чувствува посебно. Непримерно и грдо е да се појавиш во иста боја како и невестата и на тој начин да ѝ го „украдеш“ вниманието“, објаснува таа.

Суштината на белата венчаница е невестата да се истакне меѓу гостите. Дозволено е да облечете облека во оваа боја, само доколку идната брачна двојка тоа го посочи во поканата, во спротивно ќе бидете безобразни.

Нема исклучоци, дури и кога станува збор за млада мајка, сестра или свекрва, објаснуваат експертите. Некои млади луѓе избираат бели фустани за своите деверици и придружнички и тоа е единствениот начин кога е прифатливо да се види на нечија свадба и некој друг да носи бело.

Експертски совет е дека треба да избегнувате секаква посветла боја слична на белата, како што се беж или крем нијанси на шампањ. Доколку сакате комбинација во посветла боја, одлучете се за пастел – розова, сина или жолта. Дури и темноцрвената или светло сивата е подобра алтернатива од белата или кремастата.

Доколку на поканата е наведен кодексот на облекување, експертите советуваат да се држите до него и да избегнувате секаква боја што е блиску до белата. Можете да си поиграте со нијансите и да направите интересна комбинација – на тој начин ќе бидете посебни, а младенците нема да ви забележат.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *