Сутерен.мк

Јадеме најскап леб на Балканот

Цената на храната и трошоците за живот вртоглаво растат. Тоа го потврдуваат и најновите пресметки на Државниот завод за статистика, кој за само еден месец утврдил зголемување на трошоците на 1,9 %, додека на годишно ниво забележана е инфлација од дури 16 проценти.

Вртоглав пораст на цените има особено кај основните прехранбени артикли – лебот, млекото и млечните производи. Статистичарите укажуваат дека овие трошоци за една година се зголемиле дури за 24,3 проценти. На годишно ниво лебот и житата поскапеле за 36,5 проценти, месото за 21,4 проценти, масла и масти за 51,9 проценти, млеко, сирење и јајца за 23,5 проценти. Цените на шеќерот, мармаладот, чоколадото и кондиторските производи скокнале за 22,2 проценти, како и на кафето, чајот и какаото од 17,5 проценти.

Поскапувањето на храната повлече раст на цените на сите останати услуги.Трошоците за електрична енергијана годишно ниво се зголемиле за 20,2 проценти, а транспортот поскапел за 24 проценти. Во јули, во споредба со претходниот месец, во екот на летната сезона, има поскапување и на туристичките аранжмани, услугите за сместување, рестораните, кафулињата и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *