Не купувајте многу, но она што ќе го купите нека вреди – Кристијан Диор.
Фустанот мора да го следи женското тело, а не телото кројот на фустанот – Ибер де Живанши.
Модата можете да ја купите, ама стилот го поседувате. Клучот на стилот е да научите кои сте, за што се потребни години. Не постои патоказ до стилот. Станува збор за самоизразување и пред се, став – Ајрис Апфел.
Во малиот црн фустан никогаш не можете да бидете премалку или премногу облечени – Карл Лагерфелд.
Чевлите го менуваат вашиот говор на телото и ставот. Ве креваат и физички и емоционално – Кристијан Лобутин.
Играњето со облекувањето почнува во петтата година од животот и всушност, никогаш не престанува – Кејт Спејд.
Да се биде добро облечен нема многу врска со облеката. Тоа е прашање на добра рамнотежа и здрав разум – Оскар де ла Рента.
Ако нешто сакате, носете го тоа постојано. Пронајдете работи што ви прилегаат. Тоа е рецептот за извонреден изглед – Вивиен Вествуд.
На сите им треба трошка лош вкус – тоа е здраво и човечки. Мислам дека добро би ни дошло малку повеќе од тоа. Против сум немањето вкус – Дајана Вриланд.
Модата би требало да претставува вид на бегство од реалноста, а не вид на затвор – Александар Меквин.
Кога се двоумите, облечете црвено – Бил Блас.