Сутерен.мк

Велигденската порака на Папата

Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, на највеселиот ден во Христијанството, кога верниците кои се придржуваат до грегоријанскиот календар го празнуваат воскресението на Исус Христос во своето обраќање до верниците испрати пораки на мир и надеж, молејќи се за Украинскиот и Рускиот народ а ги повика и Израелците и Палестинците, зафатени од нова ескалација на повеќедецениските судири, да работат на создавање „клима на доверба“.

86 годишниот Франциск пред десетици илјади верници на преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан ја испрати својата традиционална порака, „Урби ет Орби“, што на латински значи „до градот и светот“.

Охрабрувајќи ја довербата меѓу луѓето, народите и државите, Папата се помоли и светлината на празникот на Христовото воскресение да ја разбие и темнината, молејќи се за жртвите во војната меѓу Русија и Украина.

„Помогни му на саканиот украински народ во нивното патување кон мирот и сподели ја светлината на Велигден со рускиот народ. Утеши ги ранетите и оние кои ги изгубија своите сакани заради војната. Заробените луѓе нека се вратат безбедни и здрави на своите семејства“ – порача папата Франциск.

Понтифот апелираше до меѓународната заедница да ги засили обидите за прекинување на војната во Украина, но и сите конфликти и крвопролевања во светот, вклучувајќи ја и есклацијата на судирите во светата земја, меѓу Израел и Палестинците.

„Изразувам длабока загриженост заради неодамнешните напади кои се закануваат на посакуваната клима на доверба и меѓусебна почит, неопходни за обвновување на дијалогот меѓу Израелците и Палестинците, со цел мирот да владее во Светиот Град и во целиот регион“ – додаде Франциск.

Во светиот град Ерусалим денеска не се слави Велигден, но во атмосфера на високи тензии, трите монотеистички религии во ист ден на блиски локации одбележуваат свои празници.

За евреите Пасха, за муслиманите Рамазан а за христијаните Цветници и десетици илјади луѓе пристигнаа во Ерусали, зголемувајќи го ризикот од потенцијални безбедносни инциденти.

Повеќе од 2 000 полицајци се распоредени во Ерусалим, додека десетици илјади Евреи се молат пред Западниот ѕид на ридот на Храмовите, најсветото место во Јудаизмот, за големиот празник Пасха.

Но, на оваа локација се наоѓа и третото најсвето место во Исламот, по Мека и Медина, џамијата Ал-Акса, каде голем број луѓе се собираат секојдневно за молитви во текот на светиот месец Рамазан.

Додека тие денеска го вршеа својот верски ритуал, полицијаците во редици ги спроведуваа Еврите кон Западниот Ѕид, за да спречат евентуални инциденти.

Минатата сабота, тензиите околу Ал-Акса резултираа во жестока интервенција на израелската полиција која тврди дека нивните припадници со пиротехника, камења и стапови биле нападните од забарикадираните муслимани во џамијата, но Палестинците објавија и видео записи со кои обвинија дека полицајците брутално ги нападнала верниците, прекинувајќи го нивниот верски ритуал.

Потоа следуваа и ракетни напади на Хамас кон Израел но и жестоки напади на еврејската држава во појасот Газа и Либан.

 

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *