Сутерен.мк

Упорна бивша

Веќе неколку месеци сум во врска со човек кој зад себе има еден брак и дете од него. Многу се сакаме, планираме свадба и заеднички живот. Меѓутоа на патот имаме еден проблем: неговата поранешна жена, со која бил во брак неколку месеци, детето е родено после разводот и тоа после 8 месеци откако се разделиле постојано ни прави проблеми.

Му врти стално на телефон, се јавува и на мојот, се заканува, бара пари, се кара кога ќе се сретнеме, ме озборува кај што стигне со најпогрдни зборови и измислици. Потоа пак се јавува па го моли да и се врати, ги испраќа роднините да го убедуваат да се смират, плаче, преколнува и колне. Хорор! Ги изгубив нервите и не знам како да го решам ова?
Поразена

 

Поразена дарлинг, најмногу од се „ми боде очи“ што детето се родило после толку малку месеци од разделбата. Па кој нормален спие со жената еден месец пред разводот?!

Мене лично, ми е многу сомнителен вашиот партнер. Зошто тој не презема ништо? Таа е негов проблем. Тoа секако е бившo, но е негово семејство. А тој е пасивен. И ве тера вас сами да се справувате со заедничката ортома околу вратот. (Која и не е заедничка, зашто само вас ве стега.) Што чека? Да му влета поранешната со калашњиков или со солна киселина дома?

Ситуацијата е тешка и не е невообичаена , но вашиот партнер е оној кој треба да воспостави во случајов, ред и мир. Поранешните сопруги честопати прават драми и манипулираат со помош на децата особено, кога ќе дознаат дека бившиот повторно им се оженил. Тоа се непријатни ситуации, но мажот е тој што треба да држи се под контрола, за новиот брак да не му се претвори во полигамичен ринг каде што две жени меѓусебно очи си вадат. Вака како што е вашиов статус излегува дека практично дечково ви функционира во две зедници, со две партнерки до себе. Хаотично. Без јасно воспоставени граници, права и обврски. Секоја единка во ово ваш круг треба да си го завземе своето место. Јасно дефинирано.

Помеѓу зрели личности не смее да постои љубомора и префрлања за нивните поранешни односи и емоции ниту бришење на минатото. Тоа е дел од егзистирањето, од нивната приказна, но треба и да остане таму – во сеќавањата.
Заради вашиот личен мир и ментално здравје кажете му отворено да ги расчисти несогласувањата со екс – сопругата и да си го среди прво својот живот па после да почнува нов, заеднички со вас. Ги остави ли вакви, каша – попара релациите, ќе страдаат сите што се околу него. А најмногу вие…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *