Сутерен.мк

Чија е најубавата вилица во светот?

Моделот Џиџи Хадид има совршена вилица, тврдат научниците. Станува збор за студија на двајца професори, Морис Момаертс и Роберт Клејмет од Универзитетот во Брисел, неодамна објавена во „Журнал на кранио-максило-фациал хирургија“

Уште од старите Грци, привлечноста се мерела со математичка пресметка – златниот пресек, кој Грците го користеле за мерење на складни црти на лицето, а научниците додале уште еден критериум – аголот на вилицата. Истражувачите спроведоа анкета во која луѓето оценуваа различни аспекти на вилиците на 53 славни жени.
Тие пресметале, накратко, дека американскиот супермодел Џиџи Хадид има речиси совршена вилица. Меѓу жените за чии вилици се дебатирало се наоѓаат канадскиот супермодел Џесика Стам, супермоделот Стела Максвел, пејачката Мајли Сајрус и легендата на модните писти, Кејт Мос.

Џиџи Хадид

Но, Џиџи Хадид убедливо води. Нејзината вилица има агол од 141,9 степени, што е многу блиску до „совршениот“ агол од 142 степени во однос на замислената линија што ги „поврзува“ очите. Покрај научниците, лицето на Џиџи Хадид го оценувале и 32 хирурзи и 16 испитаници, обични луѓе.

Сите се согласиле дека нејзината вилица изгледа како што треба. Не е премногу нагласена ниту премногу рамна. Ваков важен агол најдобро се гледа во профилот, на местото каде што вилицата се спојува со главата и се спушта кон брадата.
За жените, важно е преминот кон брадата да биде нежен: колку тоа е понежно и похармонично, толку поженствено е лицето. На пример, кај мажите важи спротивниот критериум: пожелно е споменатата косина да биде изразена, како машката вилица на Бред Пит.

Џиџи Хадид

Испитаниците во студијата високо ја оцениле вилицата на Амбер Херд (дури 95 отсто од учесниците во истражувањето ја оцениле како ниту премногу изразена ниту премногу рамна), додека 80 отсто од оценувачите заклучиле дека Брижит Бардо и рускиот супермодел Ирина Шајк исто така имаат убава вилица.
Студијата ја подели јавноста поради стравувањата дека би можеле да започнат тренд на поставување импланти и некои процедури на вилиците на жените за да изгледаат попривлечно.

„Важноста на пријатниот изглед на лицето во однос на благосостојбата и квалитетот на животот традиционално се потценува во медицината“, заклучуваат научниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *