Сутерен.мк

Кој е најубавиот автомобил за 2023-та?

Престижната награда за најубав дизајн на автомобил произведен во 2023-та година ја доби шведскиот „Полестар 4“, електрично „СУВ“ купе. Оваа награда ја додели жири-комисија составена од професионални дизајнери на автомобили.

Овогодишното жири од 16 членови ги вклучувало шефовите на дизајн на „Ауди“, „Форд“, „Ламборгини“, „Луцид“ и „Мерцедес“.

На ниеден судија не му е дозволено да гласа за сопствениот дизајн, па дури ни за автомобили на други марки во својата група, така што процесот на гласање е направен да биде фер.

„Полестар 4“ е препознатлив и поинаков. Неговиот храбар дизајн е направен со вкус и се гледа дека размислувале за секој детаљ – било кажано од жирито.

Произведувачот „Полестар“ настанал во 1996-та година, а во 2015-та година го купи „Волво“. Профилиран е како бренд кој е посветен на електрични возила кои го следат врвниот минималистички дизајн и иновативната технологија.
Еве ја листата од топ 10 најубави автомобили за 2023-та година по изборот на ова жири:

1. Polestar 4

2. Kia EV9

3. Volvo EX30

4. Jeep Avenger

5. HiPhi Y

6. Lamborghini Revuelto

7. Ford Explorer

8. Zeekr 009

9. Aion Hyper SSR

10. MG Cyberster

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *