Кристијан Карапалевски од преспанското село Дрмени го извади осветениот крст од водите на Преспанско Езеро.
На традиционалната манифестација што се одржа во туристичката населба Отешево, младиот Карапалевски беше најсреќен од дури 71 учесник кои влегоа во осветените води на Преспанско Езеро.
Честитајќи го успехот, градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски на Карапалевски му додели ваучер, а пригодни награди доделија и поддржувачите на манифестацијата „Водици 2024“.