Сутерен.мк

Легализација на канабисот во Германија

Во Европската Унија, Малта беше првата земја што тргна на тој пат, а потоа Луксембург и сега Германија.

Во другите делови од светот, Уругвај и Канада се ретки примери на земји кои ја легализирале марихуаната.

Легализацијата на канабисот за медицинска употреба е пораспространета, а моментално се користи во околу 50 земји.

Малта беше првата европска земја која го легализираше одгледувањето и консумирањето марихуана во приватната сфера. Законот донесен во декември 2021 година дозволува поседување на седум грама канабис и одгледување на четири растенија. Консумирањето во јавност или пред малолетници остана забрането.

Во Луксембург, од јули 2023 година, законот дозволува одгледување канабис со ограничување од четири растенија по домаќинство. Дозволена е лично консумирање.

Во Германија од 1 април на лицата над 18 години ќе им биде дозволено да купуваат канабис, до максимум 25 грама дневно, преку непрофитни здруженија. Исто така ќе биде возможно да одгледуваат и до три растенија за лична употреба.

Спротивно на популарното верување, продажбата и потрошувачката на хашиш и марихуана не е легална во Холандија, но се толерира особено во таканаречените кофи-шопови.

Во Шпанија, производството за лична потрошувачка се толерира на приватни места, но трговијата и јавното консумирање се забранети.

Португалија ги декриминализираше канабисот и тешките дроги во 2001 година. Употребата повеќе не е нелегална, ниту поседувањето за лична употреба. Но прометот и трговијата остануваат забранети.

Грузија ја декриминализираше потрошувачката на канабис во 2018 година, со одлука на Уставниот суд, но без укинување на забраната за продажба и одгледување канабис.
Во декември 2013 година, Уругвај беше првата земја во светот што го легализираше производството, дистрибуцијата и потрошувачката на канабис. Во земјата е воможно домашно одгледување за лична употреба и купување во аптека.

Во Мексико, Врховниот суд ја декриминализираше рекреативната употреба на марихуана во јуни 2021 година.

Канабисот сè уште е нелегален во Јамајка, но од 2015 година, поседувањето и одгледувањето во мали количини се декриминализирани.

Во октомври 2018 година, Канада стана првата земја од Г7 што го легализираше канабисот во рекреативни цели. Канадското законодавство го ограничува личното поседување до 30 грама и четири растенија по домаќинство.

Во САД, употребата, продажбата и поседувањето канабис сè уште е забранета со федералниот закон. Но, многу држави воведоа исклучоци за медицинска и рекреативна употреба. Денес, личната рекреативна потрошувачка е дозволена во околу 20 американски држави.

Во 2018 година, Уставниот суд на Јужна Африка го прогласи законот со кој се забранува лична консумација на канабис за неуставен и го повика парламентот да подготви закон за да ја тргне одлуката.

Тајланд е исклучок во Азија. Во јуни 2022 година, земјата го отстрани канабисот од списокот на наркотици и го декриминализираше неговото одгледување, консумирање и продажба. Но, оттогаш, сегашната влада се обидува да го смени курсот, со најавата во февруари 2024 година за легислатива што повторно ќе ја направи рекреативната употреба на марихуана нелегална.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *