Во последниот дуел од програмата на Европското првенство во фудбал се одигра и првиот меч на кој мрежите мируваа на двете страни.
Во соочувањето на поранешните европски шампиони Холандија и Франција се заокружи втората рунда во Д групата, а со натпреварот без погодоци на крајот најголем губитник е Полска која по поразот од Австрија со 3:1 сега дефинитивно нема шанси за евентуално продолжување на натпреварите.
Франција во натпреварот против Холандија влезе без Килијан Мбапе, кој се здоби со скршеница на носот на првиот настап на ова еуро. Најопасниот француски напаѓач имаше подготвена маска, во случај Дидие Дешамп да почувствува потреба да го внесе во игра, но тоа не се случи.
Претходно Австрија со головите на Траунер, Баумгартнер и Арнаутовиќ од пенал триумфираше над Полска за која единствениот гол го постигна Пјонтек.
На стартот од денешната програма Украина славеше над Словачка со 2:1.
Словаците поведоа со голот на Шранц, потоа во второто полувреме Шапаренко и Јаремчук и донесоа победа на Украина.