Во Европа се повеќе се шири одгледувањето на една многу ретка и многу чудна раса на кокошки која е позната под името Ayam Cemani што во превод значи црна кокошка. Оваа необична раса потекнува од Јава во Инднезија, а во Европа за прв пат е донесена дури во 1998 година и веднаш привлече големо внимание кај љубителите на живина поради својот изглед и својата генетика.
Исто така , Аyam Cemani е една од најскапите кокошки на светот , а само една може да достигне цена и од 2.500 долари.
Можеби и не би било толку чудно кога би биле црни само пердувите и клунот но запрепастувачки е тоа што и нејзините внатрешни органи се црни. Крвта и е толку темна да многумина мислат дека и таа е црна . Но сепак, таа е црвена.
Единствената работа кај нив што не е црна освен крвта е јајцето кое има беж лушпа, а внатрешноста е многу темна.
Првото прашање кое сите си го поставуваат е како е создадена ваква кокошка? За необичната боја виновна е генетската мутација поради која настанува т.н фибромаеланоза односно хиперпродукција на црниот пигмент во организмот. Генот кој предизвикува фибромеланоза е мутација која во Азија постои повеќе од 800 години, а опфаќа неколку врсти на живина. Исти особини како и Ayam Cemani има и Шведската црна кокошка или Svart Hona.
Петлите се тешки околу 2,5 килограми, а кокошките околу 2 килограми. Нивното хранење и одгледување е исто како и кај другите кокошки познати во Европа, само што нешто потешко ја поднесуваат зимата, па просториите во кои што се чуваат овие кокошки треба да се загреваат. Започнуваат со несење на јаца на возраст од 6-8 месеци, а нивниот годишен принос е околу 100 јајца. За одгледување потребен е еден петел и пет кокошки несилки.
Во минатото овие кокошки многу често се вкрстувале со обичните кокошки па така настанала подрасата Ayam Kampong, позната уште како црна селска кокошка. Затоа чистокрвните Ayam кокошки се исклучително ценети, а за нивниот углед во Азија зборува и податокот дека се користат и за религиски обреди, на пример како жртва за здравје на новореднчето.
Холандскиот одгледувач Јан Стеверник ја донел оваа чудна живина во Европа кон крајот на минатиот век. Во Европа и Америка многумина ја чуваат само поради нејзиниот посебен изглед, но во земјите од каде што потекнува се одгледува поради својот посебен квалитет и вкусот на месото.