Сутерен.мк

Кој е најскапиот подарок што го добил Тито?

Денес вредните предмети од колекцијата на Јосип Броз Тито се чуваат во Музејот на Југославија во Белград, каде посетителите можат да ѕирнат во фасцинантната колекција која вклучува сè, од егзотични уметнички дела до скапоцени рачно изработени предмети.

Сепак, еден подарок особено се издвојува по својата уникатност и скапоценост. Четирите камчиња кои Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донеле од Месечината завршиле кај Тито, а денес се чуваат во споменатиот музеј.

Историчарката Невена Ковачевиќ го сподели овој интересен факт на нејзината страница на Инстаграм.

„Четирите камчиња што Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донесоа од Месечината и кои Ричард Никсон му ги испрати на Јосип Броз Тито во 1970 година, според проценката на НАСА вредат неверојатни 500.000 долари. Камчињата што беа испратени до народот на Југославија се во Музејот на Југославија“, наведува Невена Ковачевиќ и додава:

Пред да пристигнат камењата во Југославија, ја посетија астронаути кои беа на Месечината, што беше голема чест. Тројцата астронаути го добија Орденот Југословенска ѕвезда со лента од Тито, а потоа се прошетаа со отворен автомобил низ центарот на Белград. По тој повод имаше голема прослава и многу луѓе излегоа да го видат тоа што се случува. Следната година, Никсон ги испрати камењата во Југославија.

Покрај камењата со огромна вредност, астронаутите го донеле знамето на ФНРЈ кое патувало со нив на Месечината и го вратиле.Тоа што Никсон ги подари камењата на луѓето од Југославија, а тројца астронаути ја посетија Југославија, единствената комунистичка земја на нивната рута, зборува за уникатната положба што Југославија ја имаше за време на Студената војна“, рече Невена Ковачевиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *