Сутерен.мк

Во Битола, 45-тото издание на „Браќа Манаки“

Меѓународниот собир и натпревар на кинематограферите ќе почне со доделување на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, како и со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

На Широк сокак во Битола за првпат годинава ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата „Златна камера 300“ почнувајќи од браќата Манаки. „Патека на славните“ има 18 ѕвезди на кои се впишани имињата на Милтон Манаки, Јанаки Манаки, Питер Бизу, Роби Милер, Џон Сиели, Сер Роџер Дикинс, Крис Менгес, Кристијан Бергер, Валтер Карваљо, Данте Спиноти, Ентони Дод Мантл, Ед Лахман, Ричард Ленжевски, Хозе Луис Алкањ, Били Вилијамс, Јоргос Арванитис, Свен Никвист и Бруно Далбонел.
На годинашното издание на фестивалот, најавено е присуство на 300 до 450 гости меѓу кои претседатели и претставници на бројни национални и меѓународни кинематограферски организации, реномирани светски кинематографери…

Во Битола ќе пристигнат и 17 врвни мајстори на филмската камера кои за својата работа се закитиле со бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијацијации. Во седумте фестивалски дена публиката ќе има можност да погледне 65 филмски остварувања.

А со проекција на канскиот хит-филм „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино и кинематографија на Дариа Д’ Антонио, филм кој е во официјалната селекција за наградата „Златна камера 300“, официјално почнува јубилејното 45. издание на интернационалниот фестивалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *