Бројни истражувања покажуваат дека потребата на мажите да праќаат фотографии од своите интимни делови на жени што ги познаваат (или не ги познаваат) е тренд кој брзо се проширил на социјалните мрежи и отворил многу прашања.
• Зошто мажите чувствуваат потреба да ги фотографираат своите интимни делови и да ги праќаат на жени?
• Дали има жени на кои ваквиот содржај им е привлечен?
• Може ли ваквиот начин на освојување навистина да биде успешен?
Речиси 50 отсто од мажите испратиле ваква фотографија
Според истражување на американска компанија што произведува сексуални играчки, 47 отсто од мажите признале дека барем еднаш испратиле фотографија од интимен дел на жена преку социјалните мрежи.
Иако некои фотографии биле испратени на барање, повеќето жени никогаш не побарале таков тип содржина.
Истражувањето открило дека 50 отсто од испитаните жени барем еднаш во животот добиле фотографија од интимен дел на маж – без претходно да ја побараат.
Истражувањето на Институтот „Кинзи“ ги истакнува следниве најчести причини:
• 45 отсто од мажите веруваат дека тоа ќе доведе до реципрочна фотографија од жената или дека ќе ја возбудат и ќе ја убедат да излезе со нив.
• 30 отсто од мажите праќаат такви фотографии за лично задоволство. Тие се задоволни со својот изглед и сакаат потврда за својата мажественост.
• 18 отсто признаваат дека на овој начин демонстрираат моќ и дека тоа ги возбудува.
• Мал процент мажи имаат мазохистички мотиви и сакаат да слушнат навреди за себе.
• 6 отсто од мажите ова го прават поради трауми од детството, најчесто поврзани со срам од голотија наметнат од родителите.
Имајќи ги предвид мотивите, најдобро е ваквите фотографии да не ги споделувате со пријателките, туку веднаш да ги избришете и да го блокирате профилот од кој дошле.
Избегнувајте да влегувате во дискусии со непознати мажи.