Венецискиот карневал е во тек, а се одржува од 14 февруари до 4 март 2025 година.
Овогодинешната тема е посветена на легендарниот Џакомо Казанова, чија 300-годишнина од раѓањето ја одбележува целата програма на спектаклот.
На плоштадите и мостовите доминираат барокни кочии, позлатени маски и костими кои потсетуваат на најпознатиот венецијански заводник.
Организаторите ја реконструираа атмосферата од ерата на Казанова преку серија настапи. Секое утро од 10 часот на плоштадот Свети Марко во живо се одржуваат дворски ритуали, каде актери во раскошни костими изведуваат сцени од познатите мемоари на љубовниците на Казанова.
Учесниците од целиот свет ги изложуваат своите маски и костими, а само најубавите ја добиваат престижната титула – најдобра маска на карневалот во Венеција.
Туристите маски можат да најдат секаде од пет евра на улиците до неколку стотици евра.