Во рамки на програмата „Филм во фокус“, вечерва, во Сити мол на „Роофтоп опен аир цинема“, ќе се одржи проекција на македонскиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.
Како што стои во соопштението, на настанот ќе присуствува дел од филмската екипа, која по проекцијата на филмот заедно со режисерот ќе одржат интерактивна „Q&А“ сесија со публиката.