Чет ГПТ е жива болест

Американските лекари предупредија да не се користи ЧетГПТ за информирање за здравјето откако еден маж развил ретка состојба по препораките од вештачка интелигенција да отстрани обична сол од својата исхрана. Тие велат дека 60-годишниот маж развил бромизам, односно добил труење со бром, откако се консултирал со ЧетГПТ.

Медицинското списание „Анали на интерна медицина“ вели дека бромизам е добро познат синдром од почетокот на 20. век, на кој се припишувала речиси една десетина од сите приеми на психијатрија во тоа време.

Пациентот им кажал на лекарите дека откако прочитал за негативните ефекти на натриум хлоридот или кујнска сол се консултирал со ЧетГПТ за негово елиминирање од исхраната и почнал да зема натриум бромид во период од три месеци. Тој го направил тоа и покрај тоа што прочитал дека „хлорид може да се замени со бромид, но поверојатно за други цели, како што е чистење“. Натриум бромид се користел како седатив на почетокот на 20. век.

Авторите на статијата, од Универзитетот Вашингтон во Сиетл, рекоа дека „случајот покажува како употребата на вештачка интелигенција потенцијално може да придонесе за развој на негативни здравствени исходи што инаку можат да се спречат“.

„ЧетГПТ и другите апликации за вештачка интелигенција можат да генерираат научни неточности, се случува да немаат можност критички да дискутираат за резултатите и можат да поттикнат ширење на дезинформации“, се вели во статијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *