Патничката компанија „Riviera Travel“ ги анализирала податоците на „Eurostat“, фокусирајќи се на бројот на ноќевања остварени во туристичко сместување во секоја европска земја. Овој показател често се користи како индикатор за реалната туристичка посетеност.
Најмалку посетена европска земја во 2024 година е Лихтенштајн, со само 228.579 регистрирани ноќевања. Иако нуди спектакуларни алпски пејзажи и живописен главен град – Вадуц, оваа мала држава најчесто се посетува како еднодневна дестинација од Австрија и Швајцарија, што значително го намалува бројот на туристи кои ноќеваат таму.

Северна Македонија се најде на второто место, со нешто повеќе од два милиони ноќевања во текот на 2024 година. И покрај природните убавини, богатото културно наследство и туристичкиот потенцијал, земјата сè уште не успева да привлече поголем број странски туристи, што ја става високо на листата на најмалку посетени европски дестинации.
По Македонија следуваат Луксембург, Летонија и Црна Гора, додека во првите десет се најдоа и Естонија, Албанија, Литванија, Малта и Србија.

1. Лихтенштајн
2. Северна Македонија
3. Луксембург
4. Летонија
6. Естонија
7. Албанија
8. Литванија
9. Малта
Иако ваквите статистики не значат дека Македонија нема што да понуди, тие јасно укажуваат на потребата од посилна промоција и подобра туристичка стратегија за земјата да заземе повисоко местото на европската туристичка мапа.